петок, 6 февруари 2026

Демократскиот сојуз бара да се забрани производството на марихуана

Демократскиот сојуз бара од Собранието по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство на марихуана за, како што се наведува во денешното соопштение на партијата, наводни медициски цели. Во вчерашната голема полициска акција во Скопје и во Струмица, Министерството за внатрешни работи (МВР) заплени 27 тони марихуана. Акцијата доаѓа откако на 1 февруари годинава во акција на српската полиција беше запленето пет тони марихуана која во Србија била внесена од Македонија.  Македонското Јавно обвинителство оформи предмет за случајот. 

Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Како што велат од Демократскиот сојуз, од 2017 година досега, надлежното Министерство за здравство, во соработка со Министерството за земјоделство, Меѓуресорската комисија и други институции издало 61 лиценца на фирми кои можеле да произведуваат марихуана за медицински цели.

„Повеќе од јасно е дека контролата затаила поради што се случија фингирани кражби, пресметки помеѓу нарко-мафијата, заплени на канабис од полицијата итн., но криминалниот бизнис продолжи, бидејќи нарко-мафијата во која беа вклучени и носители на највисоки државни функции од претходната власт се стекнаа со огромна финансиска моќ и политичко влијание. Демократски сојуз силно ја поддржува акцијата на МВР за заплена на канабисот и инсистира да постапува неселективно и јавно да бидат објавени сопствениците (формални и неформални) на фирмите кои произведуваат канабис, кој и кога ги издал лиценците за производство на канабис“, пишува во соопштението на Демократски сојуз.

Од партијата бараат, Министерството за здравство во соработка со другите надлежни институции да објави колку количини на канабис се произведени, каде се тие количини (продадени, на залиха, украдени…) и колку профит е остварен.

Од Демократскиот сојуз тврдат ддека запленетите 32 тона канабис (пет во Србија и 27 тони во Македонија), засега е само гребење по површината на „овој нарко-бизнис кој има тешки последици по здравјето на младите генерации, политичката стабилност, владеење на правото и меѓународниот углед на државата“.

„Бараме да се прошири одговорноста и кон носителите на функции од надлежните министерства кои издавале лиценци и кои  затаиле со контролата на спроведување на законите за да се спречат злоупотребите. Одземените количини се премногу за Балканот, а не за медицинските потреби на Македонија. Очигледно е дека првобитната хумана цел е  злоупотребена и затоа се потребни итни законски промени“, велат од Демократскиот сојуз.

Во вчерашната голема полициска акција во Скопје и во Струмица, Министерството за внатрешни работи (МВР) заплени 27 тони марихуана. Акцијата доаѓа откако на 1 февруари годинава во акција на српската полиција беше запленето пет тони марихуана која во Србија била внесена од Македонија.  Македонското Јавно обвинителство оформи предмет за случајот. 

„Обвинителството уште во петокот беше навремено и целосно информирано за настанот и без одлагање презеде активности во рамките на своите законски надлежности. Веднаш е воспоставена интензивна и континуирана комуникација со надлежните органи на Република Србија, со активна размена на релевантни информации и координација на дејствијата, со цел целосно и сеопфатно откривање на сите инволвирани лица и евентуални организирани структури поврзани со случајот на заплена на пет тони марихуана. Обвинителството има оформено предмет и веќе се преземаат конкретни, насочени и координирани дејствија за целосно утврдување на сите факти и околности за поврзаноста на Република Македонија со овој случај, со цел обезбедување целосна кривично-правна одговорност“,соошти Јавното обвинителство во неделата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ