„Негативните рефлексии се присутни насекаде во светот, но преку медиумите и социјалните мрежи се предимензионираат и се создава нервоза и психоза на несигурност, при што на вакви состојби најчувствителни се пазарот и берзите, но и вештачки се нарушува и снабдувањето со енергенти итн“, се наведува во соопштението од Демократскиот сојуз.
Од ДС сметаат дека воените дејствија на Блискиот Исток брзо ќе завршат.
„Многу брзо војната ќе заврши и ќе почнат разговори и веруваме дека во светот ќе надвладее потребата од мир, како на Блискиот Исток така и во Украина.
Македонија треба и натаму да ја следи политиката на САД и ЕУ, водејќи сметка за нашите стратешки и национални интереси.
Во овие турбулентни времиња и геостратешки и безбедносни раздвижувања, неопходно е разумно, одговорно и трпеливо однесување“, порачуваат од Демократски сојуз.






