понеделник, 30 март 2026

Демократски сојуз: Сложените геополитички и безбедносни состојби бараат единство

Денеска, Централниот совет на Демократски сојуз одржа седница на која се расправало за геополитичките и безбедносни состојби и рефлексиите врз безбедноста, енергетската и економската стабилност на Македонија. Македонија е мирна, стабилна и безбедна држава, но влијанието на војната во Иран се одразува на енергетската и економската состојба, информира Демократскиот сојуз.

Објавено на

часот

Сподели

„Ваквите состојби бараат соодветни и издржани мерки од страна на Владата, зголемена мобилност на сите институции и единство во државата, како битен предуслов за справување со предизвиците со кои се соочуваме. Сега не е време за собирање политички поени во ‘матно’, како и активности кои можат да ја нарушат стабилноста на државата“, велат од Демократскиот сојуз.

Централниот совет на партијата донел одлука за подготовка на Платформа согласно актуелните и стратешки потреби на Македонија, како и кадровска обнова на централно и локално ниво, избор на ново раководство на Демократски сојуз на жените, младите, како и претседатели на општинските организации на Демократскиот сојуз, до крајот на оваа година.

„Кадровската обнова ќе се одвива транспарентно и со отвореност за нови, првенствено млади кадри“, информираа од Демократскиот сојуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ