петок, 9 мај 2025

Делумна забрана за работа и одземен пасош за претседателката на ДКСК, одлучи Кривичниот суд

Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска остана без пасош и забрана за вршење на дел од своите работни обврски откако Основниот кривичен суд Скопје го прифати предлогот на Јавното обвинителство за определување на мерки за претпазливост за Димитровска осомничена во случајот Адитив кој се однесува на злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј.

Објавено на

часот

Сподели

„Во однос на осомничената Т.Д. која доцна попладнево беше изведена пред судија на претходна постапка во однос на продолжување на акцијата во јавноста позната како Адитив, по нејзиното произнесивање во однос на предлогот на Јавното обвинителство за определување мерки за претпазливост, донесено е решение со кое се прифаќа предлогот на ОЈО ГОКК и се опредлуваат мерки за претпазливост привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање нова и забрана за преземање на одредени работни активности поврзани со кривичното дело“, информираа од Кривичниот суд Скопје.

Од обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција денеска информираа дека во рамки на предметот Адитив од прибраните докази донесена е наредба за спроведување на истрага за уште три нови осомничени. Оттаму не прецизираа имиња.

Предметот Адитив се однесува на истрага за злоупотреба на јавни набавки и перење пари во врска со набавката на адитиви за јаглен за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. Обвинети се 31 човек и 5 фирми.

Според обвинителството, осомничените организирале и извршиле пререгистрација на фирми за да ги изиграат постапките за јавна набавка, со што овозможиле одредени компании да добијат договори и да се стекнат со значителна имотна корист.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ