Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во Општина Бутел.
Од РЦУК посочуваат дека без електрична енергија во недела од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од ул.„Џон Кенеди“, (корисниците во околината на Веро-Маркет) и дел од ул.„Кемал Сејфула“, корисниците во близина на стадионот во Општина Чаир.






