четврток, 22 мај 2025

Делови од Центар, Карпош и Кисела Вода денеска без струја

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат делови од скопските општини Центар, Карпош и Кисела Вода.

Објавено на

часот

Сподели

Во периодот од 8 до 14 часот, струја нема да има за дел од улиците „Мирослав Крлежа“ и „Ленинова“, реон кај кафе Правда, Општина Центар.
Во периодот од 8 до 14 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од булеварот „Партизански одреди“ од библиотека кон улицата „Ленинова“, Општина Центар.
Од 9 до 13 часот без струја ќе бидат објектите со парни броеви од улиците „Иван Цанкар“ и „Вангел Дину“, како и дел од објектите со непарни броеви од улицата „Франце Прешрен“, Општина Карпош.
Без струја од 9 до 14 часот ќе останат и дел од корисниците на улиците „Осло“ и „Будимпештанска“, Општина Карпош.
И во Кислева Вода од 9 до 15 часот без напојување со електрична енергија ќе останат објектоте на улицата „Киро Фетак“-1, Општина Кисела Вода.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ