„Нема да сообраќаат следниве возови: возот број 601 на релација Скопје – Велес, со време на тргнување во 8 часот, возот број 2081 на релација Скопје – Велес со време на тргнување во 13:20 часот, возот број 643 на релација Скопје – Битола, со време на тргнување во 14:30 часот, возот број 2080 на релација Велес – Скопје, со време на тргнување во 12:10 часот, возот број 2082 на релација Велес – Скопје со време на тргнување во 14:24 часот и возот број 642 на релација Жабени – Скопје, со време на тргнување во 11:15 часот“, се наведува во соопштението Македонија транспорт АД-Скопје.






