„Има случаи каде лица првично по пожарот немале никакви повреди, меѓутоа неколку месеци потоа појавуваат проблеми со дишење и други здравствени проблеми“, рече Јанев.
Страшни се и повредите кои се набројани во обвинителниот акт, а кој се однесуваат на причините поради кои починале 63 лица, а и тешките повреди на над 200 повредени од кои голем дел се деца.
риесет и петтемина обвинети кои се опфатени во постапката за трагедијата во „Пулс“ и на кои им се суди за кривичното дело тешки дела против општата сигурност, денес не се произнесоа дали чувствуваат вина за страотниот пожар во дискотеката во Кочани.
Причина за ова беше тоа што обвинетите лица не добиле примерок од обвинителниот акт на кој заедно со 34 физички лица, поради економичност на постапката, беше споена и за обвинетиот Александар Нацев, сопственик на агензијатата за обезбедување, Рубикон.
За вина ќе се произнесат на 2 декември, за кога е закажано следното рочиште.
К.Д.






