„Поради изведување градежни активности на вијадукт на Сарачки дол кој се наоѓа на државниот пат А1 Градско – Прилеп, обиколницата на градот Прилеп, државниот пат – од раскрсницата кај бензинската станица ‘Лукоил’ до клучката кај бензинската станица ‘Салида’, ќе биде целосно затворен за сообраќај од 3 август, недела, од седум часот до 6 август, среда“, соопшти компанијата.
Сообраќајот ќе биде пренасочен низ градот Прилеп.






