недела, 14 декември 2025

Деканот на Градежниот факултет, Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Скопје од „Независни заедно“

Деканот на Градежнниот факултет на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ Горан Марковски е кандидат за градоначалник на Скопје на граѓанската платформа „Независни заедно“ поддржана од граѓанските иницијативи „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази Баба“ и „Групација 389“.

Објавено на

часот

Сподели

Марковски ќе ја претстави својата кандидатура на прес-конференција, утре во 9:30 часот пред споменикот на Гемиџиите кај Камениот мост, во центарот на Скопје.

„Професор д-р Горан Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје. Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот“, велат од „Независни заедно“. 

Проф. д-р Горан Марковски e професор и декан на Градежниот факултет при УКИМ во Скопје. Член е на Катедрата за бетонски и дрвени конструкции. Дипломирал на Градежениот факултет-Скопје во 1986 година, магистрирал во 1994 година а докторирал во 2003 година.

Досега кандидатура за градоначалник на Град Скопје објавија ВМРО-ДПМНЕ со актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, СДСМ со потрпетседателката Каја Шукова и Левица со пратеникот, Амар Мециновиќ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ