Со студирањето на Сити колеџ, чиј Европски кампус е лоциран во Солун, Грција, студентите се стекнуваат со диплома од Универзитетот Јорк. За студентите од Северна Македонија високообразовната установа нуди можности за стипендирање за додипломски и постдипломски студии.
Деканите на факултетите со нетрпение ги очекуваат идните студенти да го започнат новото поглавје од своето образование, објаснувајќи кои се придобивките од нивните студиски програми.
Д-р Сузи Саввиду, раководителка на Катедрата за психологија, вели дека во кампусот на Универзитетот Сити колеџ во Јорк Европа, Одделот за психологија е посветен на истражување на комплексноста на човечката мисла, емоции и однесување преку различни теоретски перспективи и врвни истражувања.
„Разбирањето на човечкиот ум бара интегративен пристап кој комбинира сознанија од различни гранки на психологијата. На нашиот оддел ние црпиме клинички, когнитивни, развојни, социјални и невропсихолошки перспективи за да им понудиме на студентите сеопфатно разбирање на психолошките процеси и вештини за критичка анализа“, вели д-р Саввиду.
На Одделот за психологија, и на додипломските и на постдипломските студии, се нагласуваат различни области на психологијата, како што се клиничката и советодавна психологија, когнитивните и невронаучните перспективи, развојната психологија, социјалните и културните влијанија врз емоциите во однесувањето и менталното здравје.
„Нашите студенти се вклучуваат во искуствено учење преку практично истражување и соработки со професионалци во оваа област. Овој пристап поттикнува критичко размислување, етичка практика и подлабоко вреднување на улогата на психологијата во решавањето на современите општествени прашања“, потенцира д-р Саввиду.
Д-р Зои Тациока, раководител на Одделот за хуманистички науки, објаснува дека нивната мисија е да обезбедат инклузивно и иновативно образовно искуство со највисоки стандарди, каде што студентите ја негуваат својата љубопитност, го прошируваат својот потенцијал и развиваат социјална свест.
„Наша цел е да ги опремиме нашите студенти со теоретско знаење и вештини за тие да прераснат во критички мислители, одговорни граѓани и висококвалификувани професионалци. Сите наши програми се креирани според најновите случувања во истражувањето, наставата и технологијата и им овозможуваат на студентите различни можности за пракса и волонтирање“, вели Тациока.
Додипломските студии во комуникации и дигитални медиуми се наменети за студенти кои сакаат да стекнат теоретско знаење, како и да развијат вештини во социјални и дигитални медиуми и новинарство. Студиите по англиски јазик, лингвистика и литература им нуди на студентите можност да стекнат истражувачки вештини во лингвистика, литература, превод и филмски студии, додека магистерските студии по применета лингвистика им нуди на студентите напредна обука во различни поддисциплини на применета лингвистика, преку употреба на специјализиран софтвер и иновативни истражувачки методи.
Сити колеџ, Европскиот кампус на Универзитетот Јорк има статус на меѓународен кампус и е дел од заедницата на Универзитетот Јорк. Универзитетот Јорк е водечка британска академска институција, член на престижната Russel група, со златна награда за своите наставни методи според TEF (Teaching and Excellence Award) 2023 и рангиран на 146. место во светот според Times Higher Education 2025.