Краткото видео од средбата, на која е присутен и лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на својот фејсбук профил го објави кандидатот Шкодран Алили со порака до гласачите.
„Албанците во Кичево имаат само еден противник, кандидатот на ВМРО!“, напиша Алили на фејсбук.
Кандидат за градоначалник на Кичево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е матичниот доктор Алекснадар Јовановски.
Освен Дехари, Алили и Јовановски, кандидат за градоначалник на Кичево е и актуелниот министер за социјална политика Фатмир Лимани поддржан од коалцијата Вреди.






