понеделник, 8 декември 2025

Деца во градинка во Центар со часови играле со употребен шприц фрлен во дворот, родителите вознемирени

Деца од скопската градинка „13 Ноември“ во Буњаковец, Општина Центар, пред две недели пронашле шприц, а кај родителите постои сомнеж дека некои од нив и се гребнале или боцнале од иглата. Децата го пронашле шприцот и го зеле додека играле во дворот во градинката, притоа го чувале и го давале еден на друг, без никој да знае колку време се одвивало сето тоа, открива порталот А1он.

Објавено на

часот

Сподели

Според зборовите на еден родител, станува збор за употребен шприц со игла, фрлен или оставен од некој зависник од дрога. Истиот родител за А1он кажал дека едно од децата го имало пронајдено употребениот шприц и го зело дома, скриен во џебот. И од фотографијата на шприцот видливо е дека е употребуван, најверојатно од некој зависник на дрога. Вистинска паника настанала кога не се знаело дали имало, или немало игла на шприцот и кој сè од децата го чепкал шприцот. Подоцна се утврдило дека имало игла на шприцот и дека децата се гребеле со неа и ја скршиле. Тие сè уште немаат одговори и не им е јасно дали некои од децата се гребнати или боцнати од иглата на шприцот, или тоа им е од друга активност.

За А1он, родител тврди дека од градинката им било кажано да молчат и да не говорат во јавноста и дека интерно ќе го решеле случајот. Дел од родителите се револтирани дека не се обрнувало внимание на нивните деца додека се пуштаат надвор во дворот, а дел барале во вечерните часови да се контролира кој сè влегува во дворот на градинката и какви активности се одвиваат.

Иако од А1.он ја побарале за одговори за случајот и директорката на градинката „13 Ноември“, Ружица Биџовска, единствениот телефон за контакт бил надвор од функција.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ