вторник, 20 јануари 2026

Дебата во Собрание: Граѓаните очекуваат поголем парламентарен надзор и контрола врз работата на Владата

Граѓаните очекуваат од Собранието да ја зајакне надзорната расправа и контрола врз работата на Владата, истакна денеска претседателот на парламентот, Африм Гаши, кој учествуваше на дебата за парламентарниот надзор и контрола во Македонија низ призма на надзорниот капацитет на Собранието, што се организираше во соработка со Парламентарната програма за поддршка и НДИ.

Објавено на

часот

Сподели

Дебатата на која присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и пратеници, по презентација на истражувањето „Парламентарниот надзор и контрола“ на вонредниот професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“, Денис Прешова ја отвори дилемата за спроведувањето и ефикасноста на новиот деловник за работата на Собранието.

Гаши рече дека се воочуваат дилеми со примената на новиот деловник, кој како што потсети, беше донесен со политички консензус, но при неговата подготовка и носење било заборавено да се вклучат собраниските експерти и академската јавност.

Професорот Прешова, кој направи компаративна анализа и со законските и уставни решенија и надлежности на околните парламенти, британскиот и американскиот Сенат, меѓу другото кажа дека македонското Собрание има пошироки политички надлежности. Освен што треба да врши надзор врз работата на Владата, Собранието врши контрола и врз работата на некои независни и регулаторни тела, што не е случај во други земји. Исто така, според него, многу често се споменува дека Собранието е највисоката власт во земјата, иако има хоризонтална поставеност на власта, односно имаме подеднаква поделба на власта. Професорот Прешова потсети дека уште со Уставот од 1991 година, во однос на надлежноста на Собранието се користат термините контрола и надзор, но не се објаснува зошто.

Професорот вели дека дури и во новиот деловник, надзорот се регулира дури во пет глави, има и паралелизам во однос на Законот за Собрание и Деловникот, каде одредени прашања не се регулирано идентично. Тој, меѓу другото, зборуваше и за интерпелацијата и пратеничките прашања, и притоа потенцира дека како позитивно јасни се поставени правилата за дејствувањето на опозицијата во парламентот. Прешова исто така нагласи дека во однос на парламентите во регионот, кај нас има најголем број работни тела, односно комисии.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ