недела, 14 декември 2025

Дали премиерот дише друг воздух, прашуваат на протест од граѓанска иницијатива „Стоп за Вардариште“

Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“, создадена како реакција на континуираниот пожар на старата скопска депонија Вардариште, кој речиси десетина дена се води како „под контрола“, денес повторно протестираше кај локалитетот Авионче во општина Аеродром. Надлежните од денес донесоа забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, но тоа не ги спречи жителите на Аеродром и околните места повторно да го изразат својот револт од загадувањето што го предизвикува оваа депонија.

Објавено на

часот

Сподели

Пораките кои беа испратени се дека без воздух нема живот, дека Македонија не е депонија, а присутните повикаа на помасовност за да се види аир, (AIR што во превод од Англиски значи воздух).

Тие го прашаа премиерот Христијан Мицкоски дали и тој го дише истиот или за него има друг воздух, па не презема мерки за заштита од загадувањето што го предизвикува оваа депонија.

„Повик до сите родители, ова го правиме за децата, да не се полни болницата во Козле со болни деца поради неодговорните власти кои не мрдаат со години со прст да сопре загадувањето на воздухот“, велат меѓу другото преку мегафон од носителите на протестот.

Тие тргнаа кон општина Аеродром каде оставија порака дека секој ден во 18 часот ќе има блокади.

 

Фото: Панта Џамбазоски 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ