вторник, 20 јануари 2026

Дали Ѓоко Ристов e во бегство?

Јавноста веќе три дена не може да добие официјална информација за тоа дали апелацискиот судијата Ѓоко Ристов ќе оди во притвор, дали е почната процедурата за одземање на неговиот имунитет, се подготвува ли теренот за домашен притвор… или пак одговорот е дека тој е веќе избеган во некоја од соседните држави.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што дознаваме истрагата околу наводната корумпираност на судијата Ристов се води повеќе од еден месец. Во моментот кога полицијата го известува обвинителството за она што до тогаш го истражила, Ристов земал боледување од работа и најверојатно избегал од државата. Информацијата за скриените пари (350.000 евра) во ѕид од куќата на неговите родители во Неготино била дознаена од неговите разговори со неговите соработници.

Интереен е и податокот, официјално непотврден, дека синот на Ристов пред 2-3 месеци купил ексклузивен деловен протор во центарот на Скопје вреден 1 милион евра.

Името на судијата Ристов е поврзано со бројни големи случаи во Македонија како на пример Шпион, заменик директорот на УЈП Исмет Гури, со Љупчо Пецов Ѓаволот, правобранителот Фехми Стафа, судските случаи против Сашо Мијалков… Еден од најпознатите предмети во кои судел и Ристов е „Таргет–Тврдина“, случајот за масовното незаконско прислушување, во кој обвинет беше Сашо Мијалков. Со укинувањето на пресудата на Кривичниот суд, предметот застаре, што резултираше со негово затворање без правосилна судска одлука за тоа кој незаконски прислушувал политичари, новинари, бизнисмени и граѓани.

Ристов бил унапреден во апелациски судија за време на премиерскиот мандад на Зоран Заев.

До денеска никој од надлежните, по акцијата во која беа најдени 350.000 евра соѕидани во куќата на родителите на судијата Ѓоко Ристов, не кажа официјално каде е осомничениот. Никој не кажува дали судијата Ристов е достапен на органите на прогонот. Одговор нема ни од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција кое раководеше со акцијата. Од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера соопштија дека предметниот јавен обвинител деновиве ќе реши дали ќе побара притвор или друга мерка за Ристов.

„Се продолжува со постапувањето и јавниот обвинител ценејќи ги сите околности деновиве ќе процени во однос на мерки за обезбедување на присуство на осомничениот за што навремено ќе информираме”, кусо одговорија од ОЈО ГОКК.

Согласно член 104 од новиот Закон за Судски совет, Советот со најмалку седум гласови од вкупниот број на членови на со право на глас (тринаесет членови), дава согласност по барањето за одобрување на притвор на судија и му го одзема имунитетот, освен ако е затечен во вршење на кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години.

Во истиот член е пропишано дека постапката во која Советот дава согласност по барањето за одобрување на притворот на судија е итна и се спроведува во рок 24 часа од доставеното барање. Но, одговор и покрај нашето прашање за овие рокови, од ОЈО ГОКК – нема.

Од ОЈО ГОКК соопштија дека постојат сомнежи оти пронајдените пари се незаконски стекнати, а постапката која резултираше со претресите е проширување на истрагата иницирана на 14 декември, кога беше осомничен адвокатот и поранешен државен правобранител Фехми Стафа за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание.

Судијата Ѓоко Ристов од 2020 година е судија во Апелациониот суд во Скопје, каде во изминатите години одлучуваше во големи судски предмети во кои обвинети беа политичари, бизнисмени и лица со значителна моќ и влијание.

А.Д.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ