понеделник, 15 декември 2025

Да се држиме до Копенхагенските критериуми и до владеењето на правото, вели претседателката Давкова

Треба да се држиме до она што е најважно, до Копенхагенските критериуми и најпрво она што е основен тест за сите – владеењето на правото. Се укажа на пакетот закони изработени од Министерството за правда, што се однесуваат на Јавното обвинителство, на Судскиот совет, на платите на јавните обвинители и на членовите на Судскиот совет, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска – Давкова за состојбата со евроинтеграцијата по втората седница на Советот за безбедност и нагласи дека основниот заклучок е дека Македонија има Реформска агенда и има План за развој.

Објавено на

часот

Сподели

Таа информира дека се дискутирало и за Законот за соодветна и правична застапеност.

„Тенденција на Министерството за правда е да ги праќа законите на мислење на Венецијанската комисија, што не го правевме често во претходниот период. Зошто е тоа важно? Да потсетам, според изменетата методологија не е услов само хармонизацијата на нашата легислатива со европската, туку и ефективното спроведување на законите и мислењата на Венецијанската комисија и на ГРЕКО“, истакна претседателката.

Сите дискутанти, како што рече, укажаа на очекувањата и важноста од извештајот во ноември, што го добиваме за напредокот во евроинтеграцциите.

„Јас и други укажавме на потребата од активност на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието бидејќи во него членуваат не само пратеници, туку и претставник на МАНУ, претставник на невладините организации… Тоа е многу важно. Зошто? За да градимие ние единство и да се разбираме и да доаѓаат критиката и предлозите на време за да може навистина легислативата да биде по европска мерка оти постфестум е доцна. Истото важи и за Комисијата за европски прашања, која треба да биде многу поактивна или активна за да може да ги анлизираме состојбите и за да може да одговориме на забелешките што ги дава ЕК за напредокот на државата во сите области“, рече Сиљановска – Давкова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ