среда, 9 јули 2025

„Д-р Пановски“: Како е можно еден суд, за ист предмет третпат да одлучува поинаку

АД „Д-р Пановски“ досега не примил пресуда од Управниот суд, ниту од други надлежни институции, се вели во реакцијата на компанија по вчерашните информации од Комисијата за заштита на конкуренцијата за тоа дека Вишиот управен суд со пресуда го потврдил решението за постоење на забранет договор – картел помеѓу АД „Д-р Пановски“ и „Фарма трејд“ ДООЕЛ Скопје, за јавна набавка спроведена во 2016 година.

Објавено на

часот

Сподели

„Споменатата јавна набавка, во изминатите 8 години, веќе беше предмет на интерес на надлежните државни институции.  Управниот суд во две претходни постапки, два пати правосилно утврди дека АД „Д-р Пановски“- Скопје нема сторено никаков прекршок и со тоа ги отфрли наводите дека наводно била нарушена деловната конкуренција за посочената јавна набавка. Оттука, крајно сме изненадени и зачудени како е возможно за ист предмет, ист суд, да одлучи поинаку во трета постапка.

Земајќи предвид дека АД „Д-р Пановски“ е компанија со странски капитал и претставник на реномирани светски фармацевтски компании во Северна Македонија, застапува лекови за најтешко болните пациенти кои се лекуваат во јавното здравство имаме обврска да го заштитиме нашиот корпоративен углед.

Целосно е невозможно кој било фармацевтски компании тајно или јавно да договараат цени на лекови, бидејќи тие се регулирани исклучиво од Министерството за здравство. Тоа значи дека за споменатата јавна набавка АД „Д-р Пановски“ понудил цени во висина која претходно ја определиле ресорните надлежни институции.

Нашиот правен тим се подготвува да ги искористи сите вонредни правни лекови пред домашните судови, но и да се обратиме пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, за правно вознемирување. Во меѓувреме ќе се обратиме и до претставниците на меѓународниот фактор во земјава,  кои ќе ги информираме за оваа нарушена правна сигурност и загрозено владеење на правото, што практично ги отежнува околностите за нашето деловно функционирање, а со цел да се заштитат правата, интегритетот и деловната репутација на компанијата“, се вели во реакцијата на „Д-р Пановски“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ