Изминатата недела, посочува д-р Бошковска, се чини дека грипот го достигнува својот пик, а за ваквата состојба придонесоа и новогодишните и божиќните празници, кога имаше интензивни дружења, претстави, приредби за децата во затворен простор.
Појаснува дека симптомите на грипот почнуваат обично нагло, со зголемена телесна температура, болка во грлото, болка во мускули и зглобови, носна секреција и сува кашлица.
Препорака за родителите во овој период, нагласува, е да се избегнуваат собири во затворен простор, да се одржува лична хигиена со често миење на рацете, да се прави дезинфекција на површините, во исхраната да има свежо овошје и зеленчук и да се престојува на чист воздух.
„При појава на симптоми на грип децата да не се носат во градинка, да се изолираат, да се одржува добра хидрација со зголемен внес на течности, да се даваат лекови за покачена температура и разладување. Ако симптомите траат повеќе од три до четири дена или прогресираат со појава на интензивна кашлица, забрзано или отежнато дишење, да се побара лекарска помош на матичен лекар или во дежурните педијатриски пунктови, и доколку состојбата е сериозна и потребно е болничко лекување, секако да се упатат во нашата установа“, вели за МИА проф. д-р Бошковска.






