По одржување на состанокот, како што посочуваат, јавноста ќе биде информирана за заклучоците и следните активности, како и за биографиите на странските експерти.
На прашањето дали има смени во составот на комисијата, од Министерството за здравство за потенцираат дека промена во составот на комисијата има само во делот на еден од нивните претставници, каде што за нов член е назначен д-р Александар Станков, директор на Институтот за судска медицина, а претседавач сè уште е д-р Жарко Христовски како највозрасен член на комисијата.






