понеделник, 15 декември 2025

ЦУК за 12 дена во јули изброја 173 поголеми пожари на отворен простор

За 12-те денови од јули во Македонија се регистрирани 173 пожари од пошироки размери, соопшти вечерва Центаропт за управување со кризи – ЦУК. Во моментов активни се осум поголеми пожари, од кои три се активни повеќе денови.

Фото ЦУК: Поглед на пожарот од Неготино

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Неготино во атар на с.Кањалево 2- Општина Ново Село, на Огражден, 3- Гевгелија -кон Кожуф, 4- Прилепско, с. Црнилиште, 4- Штипско меѓу селата Драгоево и Селце, а од денеска пожари има и во Општина Конче с.Горно И Долно Лаповиќ, во Општина Велес с.Јаболчиште и во Општина Штип помеѓу с.Драгово и Селце.

„Дел од силите се уште на терен, но како паѓа ноќта се повлекуваат, а некаде според процена на пожарникарите ќе се остават дежурни екипи превентивно“, велат од ЦУК и информираат дека последнте извештаи кои ги имаат добиено се за пожари во општините Конче и Гевгелја.

„При пожарот на отворен простор кај селата Горни и Долни Липовиќ во Општина Конче, горат сува трева, грмушки , прнар, ниско стеблеста шума, бор и друга вегетација. Интервенирале десет пожарникари од Радовиш со две возла, интервенирале и 20 доброволц од Доброволното противпожарно друштво „Гори 6“. Дел од пожарот е локализиран, а дел сеуште е активен. Екипите ќе се повлечат. а интервенцијата ќе продолжи во утринските часови.

Шумскиот пожар помеѓу селата Негорци и Кованец во Општина Гевгелија, е локализиран и е под контрола. Гаснењето ќе продолжи во утринските часови“, информираат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ