вторник, 9 декември 2025

ЦУК: Вечерва, активни се 2 пожари

Денеска, 09.08.2025 година, до 18:30 часот, на територијата на Р Македонија има вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои активни 2 пожари, а изгаснати се 17, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во општина Македонски Брод: Национален Парк Јасен (мешана шума) и во општина Студеничани: с. Малчиште (нискостеблеста вегетација).

Изгаснати се 17 пожари во: општина Тетово: с. Озормиште и с. Тежето (ниска вегетација); Општина Струмица: с. Смолари (ниска вегетација); Општина Новаци: во близина на РЕК Битола (ниска вегетација); Општина Велес: с. Отовица (ниска вегетација); Општина Гостивар: с. Мизраше (ниска вегетација); Општина Карбинци: с. Крупиште (ниска вегетација); Општина Битола: с. Братиндол (ниска вегетација); Општина Прилеп: Касарна Прилеп (ниска вегетација); Општина Прилеп: с. Дебреште (ниска вегетација); Општина Прилеп: с. Лопатица (ниска вегетација); Општина Куманово: до патарината КУ-СК (ниска вегетација); Општина Тетово: с. Слатино (ниска вегетација); Општина Јегуновце: с. Шемшово (ниска вегетација); Општина Гостивар: с. Симница (запалено ѓубре); Општина Тетово: кај железничка станица (запалено ѓубре); Општина Сарај: с. Радуша (ниска вегетација); Општина Ранковце: (ниска вегетација).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ