понеделник, 6 април 2026

ЦУК: Три пожари се изгаснати, три се под целосна контрола, уште 5 активни (ВИДЕО)

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов поладнево информираше дека полека се воспоставува контрола врз пожарите на територијата на цела држава. Според последните податоци активни се уште пет пожари, три се целосно изгаснати, а три се ставени под целосна контрола.

Објавено на

часот

Сподели

„Најтежок за гасење е пожарот кај Македонски Брод што се движи кон националниот парк Јасен. Пожарот го гасат неколку воздухоплови и 50 припадници на Армијата, пожарникари и вработени во Национални шуми“, изјави Ангелов.

Другите активни пожари се во општините Пласница, Чашка и Долнени.

Според Ангелов под целосна контрола се ставени пожарите на планината Серта и тоа кај селата Селце и Пухче, над воениот полигон Криволак, во Македонски Брод кај селата Дивеч и Слатина како и во општина Чашка кај местото познато како Мукос.

„Целосно се изгаснати пожарите во општина Ново Село кај селото Бадиле, пожарот во општина Старо Нагоричане и оној кај неготинското село Калањево“, информираше Ангелов.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ