сабота, 6 декември 2025

ЦУК: Состојбата стабилна и без значајни последици од обилните врнежи на дожд

Согласно последно добиените информации од регионалните центри, состојбата со врнежите низ државата е стабилна и без значајни последици, информира Центарот за управување со криџи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

„Скопски, Полошки, Штипски, Охридски, Вардарски и Кумановски регион – нема нарушувања на редовната состојба. Битолски регион – водостојот на р. Драгор е покачен, но без опасност од излевање. Струмички регион – нема врнежи. Во Кратово – слаби и повремени врнежи“, соопштуваат од ЦУК.

Посочуваат дека сообраќајот на граничниот премин Богородица/Евзони ќе биде блокиран од 18 до 22 часот.

УХМР најавува стабилизирање на времето и намалување на облачноста. Температурите се движат од 9 до 13 степени, а во Скопје до 12 степени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ