недела, 14 декември 2025

ЦУК: Се разгореа 4 пожари, 4 изгаснати

Во извештајот на Центарот за управување со кризи, од 13 часот информираат дека денеска, на територијата на Македонија има вкупно 8 пожари на отворен простор, од кои активни се 4 пожари, а изгаснати се 4 пожари.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Македонски Брод – Национален парк Јасен (мешана шума); Општина Куманово – с. Рамановце (стрниште); Општина Крушево – во атарот на с. Бучин (депонија); Општина Сарај – помеѓу с. Копаница и Рашче (стрниште).

Изгаснати се пожарите во : Општина Струга – помеѓу с. Биџево и Ливада (стрниште); Општина Гостивар – с. Балин дол (ниска вегетација и ѓубриште); Општина Гевгелија – покрај патот Гевгелија–Богданци (ниска вегетација); Општина Свети Николе – с. Ерџелија (ѓубре со слама).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ