недела, 14 декември 2025

ЦУК: Регистрирани се 20 пожари, два се активни, два под контрола и 16 изгаснати

До 20:30 часот, на територијата на Македонија регистрирани се 20 пожари на отворен простор, од кои два се активни, два се под контрола и изгаснати се 16 пожари, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Долнени и Општина Гевгелија на планината Кожуф (висока мешана шума). Под контрола се пожарите во Македонски Брод и Липково, а изгаснати се во општините Шуто Оризари, Ѓорче Петров, Бутел, Сарај, Прилеп, Радовиш, Босилово, Струга, Велес, Зрновци, Куманово, Тетово и Желино.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ