„Сите пожари започнаа од стрништа (земјоделски земјишта на кои се палат остатоци од земјоделски култури или меѓи обраснати со трева, трње, грмушки и слично)“, информираа утрово од ЦУК.
Од почетокот на месецов заклучно со вчера се регистрирани вкупно 484 пожари на отворен простор од пошироки размери. Од нив 23 биле шумски пожари, а во останатите 461 пожар на отворен простор гореле висока сува трева, стрништа, нискостеблеста и деградирана шума, како и ѓубришта.
Во текот на вчерашниот ден пожари имало во: Општина Илинден: с.Илинден (ѓубриште); Општина Сарај: с.Ласкарце (ѓубриште и ниска вегетација); Општина Кисела Вода 1: ул.Сердарот (ниска вегетација); Општина Кисела Вода 2: ул. Паризански пат нас. Драчево (стари дрвја, гуми и ѓубриште); Општина Струмица: Место викано Софилари и с.Баница (ниска вегетација, стрниште и трска); Општина Гевгелија: Место викано Беќарови Чешми (ниска вегетација); Општина Битола 1: с.Брник (ниска вегетација); Општина Битола 2: Кај туланата (ниска вегетација); Општина Крушево: с.Врбоец (ѓубриште и ниска вегетација); Општина Ресен: с.Бела Црква (ниска вегетација), Општина Прилеп 1: Место викано Заград (ниска вегетација); Општина Прилеп 2: ул.Осоговска (ниска вегетација); Општина Пехчево: Во близина на Пехчево (ниска вегетација); Општина Пехчево 2: с.Црник (ниска вегетација); Општина Делчево: Индустриска зона (ниска вегетација и стрниште); Општина Кочани: с.Соколарци (ниска вегетација); Општина Куманово1 : кај гробиштата во с.Добрашане (ниска вегетација); Општина Куманово 2: кај наплатна рампа Романовце (ниска вегетација); Општина Куманово 3: с.Добрашане (ниска вегетација); Општина Крива Паланка: с.Матинци маало Бзјаци (ниска вегетација и букова шума); Општина Кратово: с.Коњух (ниска вегетација и грмушки); Општина Јегуновце: с.Вратница (ниска вегетација); Општина Брвеница: с.Седларце (ниска вегетација и стрниште); Општина Желино: с.Мерово (ниска вегетација и стрниште); Општина Тетово: с.Ларце (мешана шума); Општина Гостивар: с.Бањица (ниска вегетација); Општина Сопиште: над депонија Дрисла (ниска вегетација).