недела, 14 декември 2025
Денеска е 20 Мај - Денот на македонската противпожарна служба

Пожарникарите секогаш и секаде, спасуваа паднат во река, вадеа вода од лифт, од подруми…

Во Противпожарната бригада на Град Скопје денеска ќе биде одбележан Денот на македонските пожарникари – 20 Мај. А во пресрет на одбележувањето на нивиниот ден, пожарникарите имаа полни раце работа поради невремето што ја зафати Македонија. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста Сали Мост.

Објавено на

часот

Сподели

„На 20 Мај, Денот на македонските пожарникари, им оддаваме поддршка и признание на пожарникарите кои секојдневно даваат максимални напори со цел да го заштитат нашиот град и нашата безбедност. Ја изразуваме нашата благодарност на пожарникарите од Противпожарната бригада на Град Скопје за нивниот безрезервен придонес во општеството“, соопшти Град Скопје.

„Пожарникарите во државава, покрај гаснење урбани пожари, изминатото деноноќие биле ангажирани и за други работи. Четворица битолски пожарникари со едно противпожарно возило од 18.45 до 19.35 часот, интервенирале на извлекување паднат човек во реката Драгор кај месноста ‘Сали Мост’. Паднатото лице не било повредено. Прилепски пожарникари со едно противпожарно возило од 12 до 13:50 часот, интервенирале на извлекување со пумпи вода од поплавени подрумски простории и дворна површина во селото Сенокос“, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Охридски пожарникари пак, како што додаваат од ЦУК од 9:45 до 10:30 часот, имале техничка интервенција на испумпување вода од лифт на улицата Галичица ламела – број 2.

Оттаму потсетуваат за голема внимателност поради наглите временски промени, покрај другото, внимателно и да се вози, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на помали одрони.

„Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево“, нагласуваат од ЦУК.

За 24 часа, евидентирани се 1.392 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во ЦУК.

„Од нив, ‘реални’ биле 60,85 проценти, а 39,15 отсто биле за други потреби на граѓаните, што не биле итни. Кон полицијата биле упатени 56,67 проценти, кон Итната медицинска помош – 35,24 отсто, а кон пожарникарите – 0,95 проценти од реалните повици кон 112“, соопштија од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ