Првиот активен пожар е на територија на општина Македонски Брод. Дабова шума и папрат горат над селото Бенче на планината Добра Вода. Вториот активен пожар е во регионот на општините Чучер Сандево и Липково – селата Малино, Танушевци и Лукаре. Опожарена е мешана шума.
Под контрола се пожарите во општина Прилеп, село Дабница и место викано „Три багреми“, каде горат ниска вегетација и ѓубре и во гевгелиското подрачје, приземниот пожар на планината Кожуф.
Во општина Шуто Оризари, на депонијата „Визбегово“ било запалено ѓубре. Ниска вегетација горела во општина Студеничани, селата Марково Сушица и Осинчани.






