„Секторот за операции и координација на ЦУК за настанатата состојба преку писмено известување ги извести Општина Тетово, Општина Желино, ЈКП Тетово, АД Водостопанство, Министерство за земјоделство шумарство и водостопанство и Дирекцијата за заштита и спасување за преземање на мерки и активности за отстранување на попречените дрвја во речното корито. Од страна на локалната самоуправа на Тетово со помош механизација попречените дрва се отстранети од речното корито на Пена и е надмината опасноста од излевање на водата од речното корито кај село Сараќино“, информираа од ЦУК.







