Во Битолскиот Регион преку единствениот број за итни повици 112 е примена пријава од жител на улицата Букв’ски мост за поплавена куќа. Случајот е пријавен во ТППЕ Битола за понатамошно постапување. Нивото на Црна Река во село Новаци изнесува 310 см. Во ЕЛС – Долнени утрово е остварен контакт и се очекува интервенција на патниот правец од село Сливје кон село Костинци, кој е во лоша состојба. Активностите ќе се реализираат со механизација од ЈП „Македонија пат“.
На подрачјето на Кичево нема нови поплавувања на објекти. Состојбата останува непроменета, а нивото на реките и водотеците е во континуирано намалување.
Вкупно 250 евакуирани лица се сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде што им се обезбедени храна, вода и хигиенски производи. Екипи на ЈП „Комуналец“ и на ТППЕ вршат испумпување на водата од подрумите на улиците Прилепска, Пиринска, Први Мај и 29 Ноември.






