Изгаснати се пожарите во : Општина Струга кај селата Татеши, Богојца и Маслодежда (борова шума), како и во населбата Елен Камен (ниска вегетација); во Општина Липково, село Никуштак и Општина Гази Баба, село Булачани (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума); Општина Старо Нагоричане село Челопек (плевна и ниска вегетација); Општина Крушево, село Норово (ниска вегетација и дел дабова шума); Општина Крушево, Градска депонија (ѓубриште); Општина Делчево, Депонија Делчево (ѓубриште тлее и чади); Општина Босилово, село Иловица (депонија); Општина Ново, село Мокриево (ниска вегетација); Општина Ново Село, село Старо Коњско (депонија); Општина Зелениково, село Страхојадица (ниска вегетација и ѓубре); Општина Штип во близина на Градски пазар (ниска вегетација) и во Општина Шуто Оризари на улицата „Хаџи Јован Шишко“ (ѓубре).






