До 7 часот билансот на изгаснати пожари е: Општина Долнени – село Стровија, зад местото викано Гајдарец-Клепало (нискостеблеста шума), Општина Липково – село Слупчане (ниска вегетација), Општина Чашка – село Богомила (мешана шума), Општина Македонски Брод – село Грешница (деградирана нискостеблеста шума), Општина Долнени – село Лажани (ниска вегетација), Општина Тетово – ул. 146 (сува трева и смет), Општина Врапчиште – село Добри Дол (запалена нива), Општина Кичево – село Цер (запалено ѓубре и ниска вегетација), Општина Кичево – село Челопеци (ниска вегетација), Општина Делчево – село Вратиславци (ниска вегетација) и Општина Виница – над „Мебел Ви“ (ниска вегетација).






