недела, 10 август 2025

ЦУК: Изгаснати 15, активни 4 пожари – еден ставен под контрола

Вкупно 20 пожари на отворен простор се евидентирани до 18:00 часот. Под контрола е ставен пожарот во дојранското село Николиќ, а активни се четири пожари: кај велешките села Џидимирци и Крушје, меѓу селата Црешнево, Локвица, Крапа и Слатина во општина Македонски Брод, во општина Чучер-Сандево – над црквата Св.Троица кај село Чучер и во кумановското село Пчиња.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се 15 пожари, меѓу кои пожарот во скопското село Горњани во општина Чучер Сандево, кај Смилковско Езеро и кај селото Љуботен во општина Гази Баба, кај селата Љубин и Крушопек кон село Лака во општина Сарај.

Изгаснат е пожарот во општина Кисела Вода, на булевар „Борис Трајковски“, каде гореа градежни материјали.

Два пожара се изгаснати во општина Долнени, кај селата Црнилиште и Слепче, во Битола кај населбата Баир. Изгаснати се пожарите и во општините Кичево, Струга, Штип, Пробиштип, Кратово и Теарце.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ