Како што се наведува во соопштението од Центарот, како резултат на договорот, ЦУК ја превзема обврската за формирање на координативен центар за потраги и спасување при воздухопловни несреќи во цивилното воздухопловство.
„Со овој договор се уредува меѓусебната соработка во делот на потрагата и спасувањето во областа на цивилното воздухопловство, преку размена на информации, координација, финансиска и логистичка поддршка. Целта на договорот е унапредување на безбедноста и ефикасноста при спроведување на активности за потрага и спасување. Потпишувањето на овој документ претставува потврда за континуираната заложба на двете институции за подобрување на системот за управување со кризи и воздухопловна безбедност во Република Македонија“, се посочува во соопштението од ЦУК.






