недела, 14 декември 2025

ЦУК: Дождот предизвика проблеми со апсорпција на атмосферските и фекалните води во Тетово

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и Општина Тетово, забележани се проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Објавено на

часот

Сподели

Ова, како што велат, доведе до задржување и создавање водени површини под подвозниците и надвозниците.

Од ЦУK апелираат за зголемена внимателност при движење низ улиците и избегнување на сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура и посочуваат дека надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на состојбата.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ