Активни пожари има во селото Виниче, местото викано Муратица, (каде гори нискостеблеста шума), во општината Гази Баба; селото Пeтрово на Кожув планина (каде гори букова шума) во општината Гевгелија; во селото Вражале (каде горат борови насади) во општината Зелениково и во селото Норово (каде гори ниска дабова шума и ниска вегетација) во општината Крушево.
Под контрола се пожарите во селото Трубарево во општината Гази Баба, депонијата Дрисла во општината Студеничани.
Изгаснати се 12 пожари и тоа во нас. Идризово – кај Пилко (ниска вегетација) и кај Смилковското Езеро (ниска вегетација) во општината Гази Баба; кај патарината Петровец (ниска вегетација) во општината Петровец; кај Вила „Јована“ (ниска вегетација и борова шума) во општината Прилеп; во селата Кошино и Житоше (ниска вегетација) во општината Долнени; во селото Сопот (грмушки и ниска вегетација) во општината Свети Николе; во селото Костурник (сено и ниска вегетација) во општината Куманово, во селото Младо Нагоричане (ниска вегетација) и во местото викано Св. Петка (ниска вегетација) во општината Старо Нагоричане; селото Станче (бор) во општината Ранковце и селото Равен (ниска вегетација) во општината Гостивар.






