понеделник, 22 декември 2025

ЦУК: До 12 часот еден активен пожар, четири се под контрола, а три изгаснати

Еден пожар е активен, четири се ставени под контрола, а три се целосно изгаснати од регистрираните осум пожари до 12 часот денеска, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека два ер трактора кои полнат вода од Мавровското езеро во моментов превентивно гасат кај пожарот во Јасен за да остане под целосна контрола.

Објавено на

часот

Сподели

Активен е пожарот во Општина Кратово во селото Соколица, мала Амбарци каде гори ниска вегетација. Пожарите кои се под контрола се лоцирани во Македонски Брод во повеќенаменско подрачје Јасен, во Гевгелија на планината Кожуф, во општна Желино кај село Мерово и во Гази Баба кај гробиштата во Стајковци.

„Изгаснати се пожарите во Виница место викано Панек, во Радовиш во село Дедино и во Битола на улицата Димитар Тодоровски“, се наведува во соопштението на ЦУК

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов информираше дека два ер трактора кои полнат вода од Мавровското езеро во моментов превентивно гасат кај пожарот во Јасен за да остане под целосна контрола.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ