понеделник, 15 декември 2025

ЦУК: До 12 часот – 6 активни, 3 под контрола и 3 изгаснати пожари

Според извештајот на ЦУК, денешната состојба со пожарите до 12:00 часот е дека имало вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои: 6 активни, 3 под контрола и 3 изгаснати пожари.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во . Општина Василево, Радовиш и Берово – с. Нивичино, планина Голем Готен и Малешевските Планини (нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација);  Општина Прилеп 1 – с. Бешиште, м.в. Бешишки Рид, крак према с. Градешница и друг према граница со Р. Грција (мешана шума); Општина Прилеп 2 – активен крак кон с. Дрен; делот помеѓу Царевиќ и Смолани е под контрола (мешана шума и ниска вегетација); Општина Македонски Брод 2 – меѓу с. Црешево, Локвица и Крапа (деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација); Општина Штип – меѓу с. Драгоево и Селце (нискостеблеста шума, прнар и сува трева); Општина Желино – меѓу с. Церово и Групчин (нискостеблеста и деградирана шума);

Трите пожари под контрола се во: Општина Македонски Брод – с. Грешница (мешана шума и сува трева);  Општина Македонски Брод – с. Латово (ниска вегетација и деградирана шума) и во Општина Карбинци – с. Јунузлија (шума);

Изгаснати се пожарите во :Општина Струмица – м.в. Три Води (ниска вегетација и мешана шума); Општина Зелениково – с. Гумалево (ниска и мешана вегетација) и во Општина Шуто Оризари – ул. Брсјачка Буна (дива депонија).

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ