На настанот, информираат од ЦУК, се претставува системот за управување со кризи како клучна институција во случај на кибер кризна ситуација, како и користењето на NICS-платформата како основна алатка за координација.
„Настанот, организиран во рамките на проектот „Кибер Балкан“, финансиран од Европската Унија, ги обедини релевантните институции и тела за кибер безбедност со цел унапредување на националните капацитети за одговор на кибер инциденти и имплементација на Стратегијата за кибер безбедност 2025–2028“, посочуваат од ЦУК.






