сабота, 14 март 2026

ЦУК: Ангажирани два армиски хеликоптери за пожарот на Јабланица

По барање на градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќyра, а во координација со директорот на Центарот за управување со кризи, Мухамед Али, беа преземени активности за справување со пожарот на планината Јабланица, известуваат од ЦУК.

Објавено на

часот

Сподели

„Поради исклучително непристапниот и тежок планински терен, интервенцијата од копно беше значително отежната, поради што беа ангажирани два хеликоптери на Армијата на Република Македонија, кои обезбедуваат воздушна поддршка во гаснењето на пожарот“, велат од ЦУК.

Истовремено, во регионот на Струга е евидентиран и друг активен пожар во селото Боговица, каде што надлежните служби дејствуваат со копнени сили.

„Надлежните институции се на терен и остануваат ангажирани сè до целосно стабилизирање на состојбата“, порачуваат од ЦУК.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ