недела, 14 декември 2025

ЦУК: Активни се пожарите во Јасен и во Калдирец на Китка

До 18 часот на територија на цела држава регистрирани се осум пожари на отворен простор. Од нив два се активни: во повеќенаменско подрачје „Јасен“, каде е зафатена мешана шума и во село Калдирец, на планината Китка во општина Студеничани, каде гори мешана вегетација.

Објавено на

часот

Сподели

Како што соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), изгаснати се шест пожари на територија на општините Битола, Струмица, Брвеница, Арачиново, Прилеп и Кавадарци.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ