вторник, 12 август 2025

ЦУК: Активни се четири пожари, четири се под контрола, а осум се изгаснати

Центарот за управување со кризи (ЦУК) во најновиот извештај за пожари на отворен простор информира дека регистрирани се вкупно 16 пожари, активни се четири пожари, исто толку се под контрола, а осум се изгаснати.
Фото: Архива

Објавено на

часот

Сподели

Ативни се пожарите во Општина Дојран кај село Николиќ каде гори нискостеблеста шума, во Општина Ресен кај село Перово каде гори трска, во Општина Чучер Сандево-  средина на село Горњани кон село Блаце кон магистралата каде што има шумски пожар и во Општина Старо Нагоричане кај село Пелинце, на местото викано Орваница каде гори ниска вегетација.
„Под контрола се пожарите во Општина Долнени 1 кај село Црнилиште каде гори депонија, во Општина Долнени 2 кај село Дебреште каде и таму гори депонијата, во Општина Македонски Брод помеѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица каде гори деградирана дабова шума и грмушки и во Општина Велес кај село Џидимирци каде гори ниска вегетација“, информираше ЦУК.
Изгаснати се осум пожари и тоа во Општина Струга 1 во село Радолишта каде гори ниска вегетација, во Општина Струга 2 кај село Татеши каде гори ниска вегетација, во Општина Виница кај село Ласки каде гори ниска вегетација, во Општина Штип каде гори градската депонија, во Општина Ново Село кај село Мокрино каде гори ниска вегетација, во Општина Св. Николе кај село Ерџелија каде гори стрниште, во Општина Куманово кај село Речица каде гори ниска вегетација и во Општина Крива Паланка кај село Градец каде гори борова шума.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ