понеделник, 15 декември 2025

ЦУК: Активни се 9 пожари, изгаснати 49

Утрово од вкупно активни 63 пожари на отворен простот, изгаснати се 49 пожари, активни се 9, под контрола се 4, а еден пожар е локализиран, информира за состојбата со пожарите утрово Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Кај Блаце сѐ уште гори ниска вегетација, гори и депонијата кај Визбегово, во селоро Бешиште, Прилепско, гори мешана шума, четири пожари има на територијата на Македонски Брод, помеѓу селата Црешнево и Локвица (дабова шума и грмушки), кај селото Рамне гори ниска вегетација, кај селата Слатина и Ковче гори мешана шума,
гори и под Солунска Глава, Општина Чашка, кај месноста Изворите на Бабуна и Бабина Дупка и Дојран, во атарот на селото Николиќ каде гори нискостеблеста шума.
Локализиран е пожарот месноста Бабиште, Кочани.
Под контрола се пожарите на депонијата во Делчево, кај селото Драгобраште, Виница, Крива Паланка – селата Градец и Лозаково и кај Желино – село Ларце.
Изгаснати се пожарите во Скопскиот регион: Гази Баба (Смилковско), Шуто Оризари, Куманово (11 локации), Чучер Сандево, кај Пелагонискиот регион: Прилеп (7), Битола, Могила, Крушево (2), Вардарски регион: Велес (5), Кавадарци, Росоман,  Источен регион: Кочани, Виница, Делчево, Пробиштип (3), Чешиново-Облешево, Североисточен регион: Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане (2), Југоисточен регион: Радовиш, Ново Село, Дојран, Повардарски регион: Свети Николе (3), Полошки регион: Желино (2), Теарце, Гостивар, Јегуновце.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ