„Уште еднаш упатуваме силен апел до граѓаните за внимателност затоа што и мало невнимание може да предизвика пожар од големи размери, а доколку забележат сомнително однесување од одредени лица или видат чад или оган на отворено веднаш да пријават на бесплатниот телефонски број во ЦУК – 112“, се вели во апелот на ЦУК.
До 14 часот регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои шест се активни, два се под контрола, а еден е изгаснат.
Активни се пожарите во општините Василево (село Нивичино каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација), два во Македонски Брод (кај селото Грешница каде гори мешана шума и сува трева и помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа, гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација), Прилеп (гори мешана шума помеѓу селата Царевиќ, Смолани и Радобил), Ресен (горат трски и сува трева кај селото Волкодери, кај местото викано Сирхан), Желино ( село Церово, гори нискостеблеста деградирана шума).
Под контрола се пожарите во Дојран и Велес.
Изгаснат е пожарот кај Групчин, Општина Желино.






