понеделник, 15 декември 2025

ЦУК: Активни се 5 пожари

На територијата на Македонија активни се пет пожари, под контрола се четири, а во изминатите 24 часа изгаснати се 18 пожари на отворен простор, информираат од Центарот за управување со кризи.

Објавено на

часот

Сподели

Активни се пожарите во Општина Василево, Радовиш и Берово (кај село Нивичино, на планината Голем Готен и Малешевските планини каде гори нискостеблеста шума, смрека, грмушки и ниска вегетација); во атарот на селото Бешиште, место викано Бешишки Рид, Прилепско, годи мешана шума; помеѓу селата Церово и Групчин, Желино, гори нискостеблеста и деградирана шума; во Општина Штип, кај селата Драгоево и Селце гори нискостеблеста шума, прнар и сува трева; и во Општина Македонски Брод активни се два пожара, помеѓу селата Локвица и Крапа каде гори деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација.
Под контрола се пожарите на териториите на општините Прилеп, Македонски Брод  (кај селата Латово и Грешница) и Чучер Сандево.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ