сабота, 20 декември 2025

Активни пожари во Гевгелија, Тетово и Крушево

Вкупно осум пожари на отворен простор се регистрирани денеска до 12 часот на територија на Maкедонија. Од нив три активни пожари има во Гевгелија, на Кожуф кај село Петрово, во тетовското село Џепчиште и кај крушевското село Свето Митрани.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), под контрола е пожарот во село Трубарево, општина Гази Баба (електричен отпад), во скопското село Виниче, кај месноста викана Муратица (нискостеблеста шума) и во село Батинци, општина Студеничани (ниска вегетација и мешана шума).

Изгаснати се пожарите во општина Кочани – село Бали (депонија) и во општина Делчево – депонија Острец (запален отпад).

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ