Активни се пожарите во Општина Берово кај местото викано Безгашево, с.Русиново (дабова, букова шума и папрат) и во Општина Липково: с.Никуштак (нискостеблеста деградирана шума и дабова шума).
Под контрола се пожарите во: Општина Гази Баба: Вардариште (ѓубриште); Општина Берово: над туристичка населба Абланица (висококвалитетна борова шума); Општина Делчево: с.Косово дабје (мешана шума); Општина Виница: Фабрика Винчини (Макпрогрес) (фабрика).
Изгаснати се 20 пожари: Општина Гевгелија: с.Конско (ниска вегетација и дива депонија); Општина Струмица: с.Банско (депонија); Општина Дебар: Дебарските гробишта (плевна); Општина Струга: с.Драслајца (стрниште); Општина Тетово 1: стариот пат Тетово-Скопје (ниска вегетација); Општина Тетово 2: Елита Ком Тетово (ниска вегетација); Општина Гостивар: автопатот Гостивар-Тетово (ниска вегетација); Општина Долнени: с.Дебреште (депонија); Општина Прилеп 1: Изофас (ниска вегетација); Општина Прилеп 2: нови гробишта (ниска вегетација); Општина Прилеп: кај Каменоломот (ниска вегетација); Општина Куманово: ул.Јоско Илиевски (ниска вегетација); Општина Куманово 2: покрај депонија Краста (ниска вегетација); Општина Куманово: селата Пезово, Кутлибег, Кокошиње, Кшање и Клечовце (ниска вегетација); Општина Старо Нагоричане: с.Младо Нагоричане (ниска вегетација); Општина Илинден: с.Јуримлери (ѓубриште); Општина Крушево: помеѓу с.Норово и с.Алдинци (ниска вегетација); Општина Битола: с.Клепач (стрниште); Општина Илинден: клучка Илинден-Арачиново (ниска вегетација); Општина Илинден 2: Илинден кон Јурумлери (ниска вегетација).






