ЦУК соопшти дека се активни пожарите во Општина Македонски Брод кај Националниот парк Јасен каде гори мешана шума, во Општина Теарце кај село Теарце гори ниска вегетација, во Општина Сарај кај село Радуша гори сува трева и мешана шума и во Општина Кичево кај село Челопејци – село Миокази гори мешана шума.
Изгаснати се пожарите во Општина Струмица кај село Сарај горел отпад, во Општина Куманово кај село Табановце горело ниска вегетација, во Општина Врапчиште кај село Ломница – село Калиште гореше шума, во Општина Тетово гореше ниска вегетација и ѓубре, во Општина Кочани кај месноста викана Трајаново трло гореше ниска вегетација и во Општина Ресен кај село Долно Дупени горело дабова шума и ниска вегетација.






