„Во овие тешки моменти, екипите на терен несебично се борат со огнената стихија за да ја заштитат природата која нè опкружува. Ве повикуваме сите кои сте во можност да донирате нерасиплива и конзервирана храна, флаширана вода, електролити и освежителни пијалоци“, стои во објавата на Црвениот крст Берово.
Пунктот за донации е отворен во салата на Општина Берово, секој ден од 08:00 до 15:00 часот.
Од Црвениот крст изразија благодарност за покажаната хуманост и солидарност, и ја повикаа јавноста да продолжи со поддршката за „хероите на терен“.






